May 17, 2024

Луѓето постојано ги поместуваат границите кога станува збор за мегаструктурите, но само една изградена влијаела на брзината со која се врти Земјата

Од Кеопсовата пирамида, до Пентагон, Големата палата во Букурешт, луѓето постојано ги поместуваат границите кога се во прашање мегаструктурите, но само една што е изградена влијаела на брзината со која Земјата се врти!

Имено, кога беше завршена џиновската брана на хидроцентралата „ Три клисури “ на реката Јангце во Кина, американската агенција за вселенски истражувања НАСА објави дека поради нејзината изградба, како и езерото што е создадено, ротацијата на планетата Земјата забави, што го продолжи просечниот ден за 0,006 микросекунди!

Браната почна да се гради во 1993 или 1994 година на третата најдолга река во светот (6.000 km), а последната турбина беше пуштена во употреба во 2012 година.

Самата брана е долга 2,4 километри и висока 185 метри! Ископани се неверојатни 103 милиони кубни метри земја и карпи, поставени се 27,2 милиони кубни метри бетон со 463.000 тони челик, што е доволно за 60 Ајфелови кули!

Вештачкото езеро е долго околу 620 километри и широко 1,12 километри. Зафаќа површина од околу 1.045 квадратни километри.

За да се изгради браната било потребно да се преселат околу 150 градови и 1.500 села. 1,2 милиони луѓе беа трајно раселени. Многу значајни историски споменици стари неколку илјади години беа преместени, а многу завршија под вода.

Трошоците за изградба на браната никогаш не се официјално објавени. Проценките се движат од 50 до 100 милијарди, но оваа последна бројка треба да се земе со резерва бидејќи најчесто ја споменуваат противниците на изградбата на браната.

Тие наведуваат бројни негативни влијанија врз животната средина, но прво треба да се забележи дека браната, освен што обезбедува 11 отсто од потребната електрична енергија во Кина, го заузда и Јангце, за чии поплави некогаш се знаеше дека загинаа 33.000 луѓе.
Оваа хидроцентрала е со инсталирана моќност од 22.500 мегавати.

Во првата година по пуштањето во употреба, во 2013 година, хидроцентралата произведе неверојатни 98,6 милијарди киловат-часови, за само една година подоцна да го постави сегашниот рекорд од 98,8 милијарди киловат-часови електрична енергија! Односно, Кинезите пресметале заштеда од 49 милиони тони јаглен! Ја намали емисијата на CO2 во атмосферата за 100 милиони тони!

Браната, се разбира, и езерото исто така имаа поволно влијание врз пловидбата на бродовите до Шангај, бидејќи сега можат да пловат бродови три пати поголеми од порано.

Само во првата година се превезени 185 милиони тони стока, а тоа е и најевтиниот начин на транспорт!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *