July 18, 2024

Секој ден е борба. Бог за секој ден ти дава нова сила и нова надеж. Но има денови кога чувствуваш како да немаш повеќе сила… како да не можеш повеќе да се бориш…Губиш смисла и желба да се бориш..

Тоа е моментот кога Бог чека да се потпреш на Него…да предадеш на Него сите битки и сите грижи. И верувај во него. Тој нема изгубено ниту една битка.

Се што треба да направиш е да се молиш, да веруваш и да предадеш на Него…. Бог не ги изневерува своите деца кои веруваат во Него.

Не ги остава сами во борбата…Тој оди пред нив и се бори за нив…само треба Тој да биде наш Водач….
Верата го прави невозможното..колку е голема Силата на верата!

Само Бог може да ги преместува планините, но верата и молитвата го придвижуваат Бога.
Ако минувате низ тешки периоди продолжете да му верувате на Бог.
Бог знае како да ве благослови на неочекувани начини.
Извор: SemeSinapovo.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *