June 19, 2024

Нутритивните и витаминските својства на кивито се добро познати, а зелениот чај е многу силен антиоксиданс

Ако често пиете зелен чај , обидете се да му додадете киви, но не толку за вкусот, повеќе затоа што оваа комбинација е вистинска витаминска бомба која детоксицира. Еве како да го подготвите напитокот.
Неопходно е:3 излупени киви, 1/2 лимон исечен на коцки, 1 лажица мед, 1 кесичка зелен чај, 500 мл вода

зелен чај. Направете зелен чај, додадете парчиња лимон и оставете да отстои 5 минути . Во меѓувреме, направете сок од киви со помош на соковник. Додадете мед. Истурете сок од киви со мед во топол (не жежок) зелен чај со лимон и послужете.

Хранливите и витамински својства на кивито се познати одамна, а зелениот чај е многу силен антиоксиданс, па јасно ви е колку е моќна оваа комбинација и колку е добра за организмот.

Покрај тоа што е исклучително вкусна и освежителна комбинација, овој чај е вистинска ризница на витамини, кои ќе ви помогнат да го зајакнете имунитетот на природен начин.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *