May 17, 2024

Ова се моите искуства со исфрлање на лебот од исхраната.
Решив да почнам да се хранам здраво, па решив да го исфрлам од исхраната белиот леб и воопшто белото брашно.
Тоа беше голем предизвик за мене, бидејќи јадев бел леб во големи количини, особено на појадок. Еве што се случи после еден месец:
Цело време чувствував глад. Во првите седум дена не можев да се најадам доволно. Се чувствував гладен цело време. Јадев колачи, сонував кифлички… Не смеев ни да ѕирнам во пекара. Појадокот беше најкритичен, во смисла дека морав да го сменам пристапот кон овој оброк.
Наместо да одам во пекара и да купам нешто за појадок, морав да носам варени јајца, каша од хељда или нешто од дома за да ме заситат додека не се вратам дома. Но, по неколку дена, телото се навикна на тоа, иако сè уште чувствувам кризи сега – по еден месец отфрлање на лебот.
Изгубив 5 килограми. Единственото нешто што го сменив во исхраната беше тоа што го исклучив лебот. Се останато остана исто. Да напоменам дека никогаш не се хранев нездраво, освен тој појадок, кој најчесто беше оброк од пекара.

Продолжив да вежбам како и досега, да ручам домашно приготвени оброци (сарма, грав, грашок), но само без леб. После еден месец видно ослабев, а вагата покажа – 5 кг.

Чувствував грчеви во нозете. За две недели целосно ги исфрлив јаглехидратите од исхраната. Веднаш почнав да чувствувам грчеви во нозете, што не се случило досега. Не можев да спијам ноќе и откако се консултирав со докторот ми предложи да ги вратам јаглехидратите во исхраната – се освен лебот. После тоа, грчевите постепено престанаа. Лебот е богат со електролити, а кога вашето тело не добива доволно од овие основни хранливи материи, тоа може да доведе до грчеви во мускулите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *