July 18, 2024

Дарен Мекгрејди, поранешниот готвач на кралското семејство, откри претходно дека лукот е забранет во Бакингемската палата затоа што кралицата Елизабета го мразела.

Кралицата владееше со Велика Британија долги 70 години, а многумина веруваа дека нејзината исхрана е одговорна за нејзината долговечност . Интересно е што кралицата Елизабета Втора толку многу мразела една здрава намирница што бил „протеран“ од целата Бакингемска палата.

Пред неколку години, поранешниот кралски готвач Дарен Мекгрејди откри дека кралицата апсолутно мрази лук. Исто така, и таа не беше голем љубител на кромид.

Никогаш не треба ништо да служиме со лук или премногу кромид, рече тогаш Мекгрејди, додавајќи:

Не можевме да послужиме и месо кое не беше доволно сварено, бидејќи таа го претпочита своето добро направено.
Џон Хигинс, друг поранешен готвач кој работел за кралското семејство, го потврди презирот на кралицата кон лукот.

Кралицата е прекрасна дама, членовите на кралското семејство се прекрасни луѓе, но им недостига лук затоа што не готват со него во Бакингемската палата – изјави еднаш за The National Post.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *