May 23, 2024

Турското кафе се смета за омилен пијалок. Процесот на подготовка во голема мера влијае на неговиот вкус и уживање, а многу е важно да се следи целата процедура.

Напиток кој е незаменлив дел и од утринската и дневната рутина на повеќето луѓе е кафето. Постојат безброј видови како еспресо, макијато, капучино, нес…

Сепак, најактуелно, а може да се каже омилено е турското или домашното кафе. Постојат различни начини за подготовка на турско кафе, што во голема мера зависи од неговиот вкус.

Кога станува збор за оригиналниот рецепт за подготовка на ова кафе, постои посебен процес кој мора да се следи за да го добиете вистинското задоволство додека го пиете. По тој рецепт кафето се подготвува во карактеристично обликувано ѓезве, чиј долен дел е поширок од горниот.

Оригиналното ѓезве е изработенаоод бакар, додека неговата внатрешност е калаисана.
Состојки за две шолји кафе: 10 g (две полни лажички) ситно мелено кафе, 2 dl вода, шеќер (по избор)

Подготовка:Ѓезвето со вода го ставаме на оган да зоврие, па го тргаме од оган и додаваме шеќер (ако пиеме со шеќер). После тоа прелијте две полни лажички кафе, промешајте и вратете го на оган повторно да зоврие.

Кога пената ќе се подигне до врвот тргнете го од оган кратко, па вратете ја уште еднаш. Истурете неколку капки ладна вода, тргнете од оган и оставете околу 30 секунди да се смири.

Кафето се сервира по принципот во секоја шолја да се стави по една лажица пена од врвот на шолјата пред да се истури, а потоа во секоја шолја рамномерно се прелива остатокот од кафето.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *