May 17, 2024

Одредени намирници може да го преоптоварат желудникот, да предизвикаат болка и да го нарушат сонот
Првото правило што треба да го следиме кога сме гладни доцна навечер е да не јадеме премногу.

Во вечерните часови телото бара полесна храна, а ако јадете нешто појако, тоа ќе биде лошо за вашиот стомак. Ќе го оптоварува, ќе треба долго време да се свари храната, може да настане болка, а притоа ќе го нарушите сонот.

На желудникот на просечен човек му требаат 3 часа за целосно да ја обработи храната и да ја однесе до цревата, па јасно е дека доцните оброци се лоша идеја. Овие намирници најдобро се избегнуваат:

Мрсна храна. Заборавете на сладоледот, бисквитите, хамбургерите и сите намирници со голем дел од штетните масти бидејќи тие имаат исто дејство на желудникот како и алкохолот.

За да се сварат мастите од храната, потребно е повеќе време. Добро е да јадете маснотии во умерени количини доколку сакате да бидете сити помеѓу оброците, но избегнувајте ја оваа храна пред спиење бидејќи ќе предизвика чувство на тежина во стомакот, а често и болка.

Треба да се избегнуваат млеко, јогурт, авокадо, јаткасти плодови, сладолед и путер. Меѓу најштетните намирници секако е полномасното сирење.

Чоколадо. Покрај голем дел од масти, содржи и кофеин, кој се наоѓа во путерот од какао и теобромин, кој го стимулира гастричниот рефлукс.

Кисела храна. Околу 10 проценти од младите страдаат од рефлукс, а многумина не знаат дека причината може да биде киселата храна што ја јадат навечер. Чест симптом е чувството на печење во задниот дел на грлото или во градите. Проблемот е што содржината на желудникот полека се враќа во грлото, што дополнително се влошува во лежечката положба.

Причината може да биде зачинета и пржена храна, како и сите оброци на база на сок од домати, кои се многу кисели, па затоа треба да се исфрлат од листата на дозволени пред спиење.

Јаткасти плодови. Без разлика дали се заситени или незаситени, мастите се секогаш лоши за желудникот навечер. Без оглед на тоа што јаткастите плодови се претежно полни со добри масти , тие треба да се избегнуваат пред спиење. Најлошо ќе ви делуваат оревите, кикириките и индиските ореви, а за желудникот најлесни се бадемите и ф’стаците.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *