February 24, 2024

Никогаш не е доцна за вистинските работи.

Жителите на Азија се познати по својата долговечност, затоа нивните животни навики се многу ценети. Кинеската народна медицина е полна со здрави и природни лековити работи кои навремено делуваат на телото и умот.

Традиционалните кинески лекови кои се практикуваат со векови станаа некои од водечките алтернативни методи ширум светот. Од зачински билки, преку сушени печурки до разни есенцијални масла.

Се верува дека растенијата што ги користат во нивната исхрана ги штитат духот и телото со постигнување совршена рамнотежа помеѓу „јинг и јанг“.

Диетата и вежбањето се клучни за долговечноста, а лековитите кинески билки можат да помогнат уште повеќе да го збогатат тој процес и да ве одржат здрави и младешки што е можно подолго.

Жен Шен Често се нарекува „крал на билките“, адаптоген кој му помага на телото да одговори на стресот и го одржува во рамнотежа. Му помага на телото да управува со својата функција за време на стрес и го забавува процесот на стареење.
Оваа билка има и антиинфламаторни својства, што ја прави корисна за поддршка на здравјето и спречување на хронични болести кои можат да влијаат на долговечноста.

Како да го користите? Женшен може да се преработи во сок и чај. Можете исто така да го земате во форма на капсула или прав, што го олеснува внесувањето во секој оброк.

Астрагалус Оваа кинеска билка е моќна кога станува збор за заштита на имунолошкиот систем на вашето тело, особено додека стареете. Растението традиционално се користи за лекување на разни болести и нарушувања, а позитивно влијае и на здравјето на срцето.
Како да го користите? Сувите корени може да се додадат во било која супа или чорба, а се користи со и во форма на прав и капсули.

Гоџи бобинки По потекло од северозападните региони на Кина, сувите гоџи бобинки имаат огромен број здравствени придобивки, вклучително и својства против стареење и зајакнување на имунитетот. Моќните антиоксидантни својства на бобинките помагаат да се намалат слободните радикали или честичките кои предизвикуваат стрес, успешно се бори против воспалението во телото и на тој начин промовира долговечност.

Како се користат? Гоџи бобинките може да се јадат сирови или сушени. Од нив можете да направите и лековит чај.

Напомена: За дозирање на лековити билки неопходна е консултација со лекар. Овие растенија и нивните производи можете да ги најдете во добро снабдени продавници за здрава храна.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *