May 20, 2024

Една стара фотографија предизвика бурни реакции на социјалните мрежи. Создадена е во 1900 година , во стара мелница во Белфаст.

Сликата е објавена како дел од историската галерија на тој град и оттогаш не престанува да ја интригира јавноста. Ги тера луѓето да се згрозат поради еден детал што никој не може да го објасни.

Имено, на фотографијата се 15 работнички со вкрстени раце . Во третиот ред од врвот, првата жена што стои од лево е единствената која не ги прекрстила рацете.

Од друга страна, првата жена од десната страна, во истиот ред, има нечија рака на рамо.

Се поставува прашањето, чија рака може да биде, кога сите жени ги прекрстиле рацете, а единствената што не ги прекрсила е сосема на спротивната страна?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *