May 15, 2024

Здравјето на вашата мајка често може да биде „кристална топка“, бидејќи во некои случаи, истакнуваат научниците, гледањето во вашата мајка може да значи и гледање во вашата иднина.

„Здравјето на вашата мајка често може да биде кристална топка за она што можеме да го очекуваме“, вели Памела Пик, професорка по медицина на Универзитетот во Мериленд и автор на „Тело за живот за жени“.

Но, не само гените влијаат на нас, бидејќи нашите секојдневни навики исто така играат голема улога.

  • Еве ги генетските фактори кои влијаат на нас:

Обликот на телото Дали имате сало околу стомакот кое страшно ве нервира и не можете да се ослободите од него? Можеш да ја обвиниш мајка ти за тоа. Истражувањата покажаа дека многу често овој тип на тело се наследува од мајките. Покрај тоа што не изгледа убаво, носи ризици од срцеви заболувања и дијабетес.

Предиспозиции за спорт Дали мајка ти практикуваше пливање или тенис? Тогаш имате навистина среќа. Имено, кардиореспираторната издржливост и генерално добрата форма што ја имаме се силно генетски детерминирани. Затоа се големи шансите да сте наследиле сила, издржливост и флексибилност од вашата мајка – или недостаток од нив.

Состојба на кожата Ако имате акни во 30-тите, можете да ја обвините вашата мајка. „Луѓето кои имаат проблеми со акните обично имаат мрсна кожа, која е наследна“, објаснува професорката по дерматологија Дебра Јалиман од Медицинскиот факултет „Ајкан“ во Њујорк.

Утешно е што луѓето кои имаат мрсна кожа изгледаат помлади бидејќи мрсната кожа побавно добива брчки. Луѓето со посветла коса и сини очи, покажаа некои истражувања, побрзо добиваат брчки.

Плодност Само затоа што мајка ти го родила твојот брат или сестра на 44 години, не значи дека ќе можеш да го правиш истото. Сепак, постојат научно засновани докази дека возраста во која мајката поминала низ менопауза е најчесто наследна и може да укаже на вашата плодност, пренесува „ Прва “.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *