June 19, 2024

Повеќето од нас кога запознаваме нова личност се наоѓаат во иста ситуација – веднаш го забораваме неговото име.

Обичните зборови секогаш се однесуваат на исти работи, па дури и да заборавиме на едно име, сигурно ќе се сеќаваме на неговиот синоним.

Сепак, личните имиња немаат збор што може да ги замени. Ако на Ивона и се обраќате со Ивана, големи се шансите таа веднаш да го забележи гафот.

Се фокусираме на себе. Кога запознаваме нова личност, всушност повеќе се фокусираме на себе отколку на другите.
Поточно, се концентрираме на моментот кога ќе треба да го кажеме нашето име .

Тогаш не му обрнуваме доволно внимание на нашиот нов соговорник, па често го забораваме неговото име штом ќе го каже.

„Бејкер ефект“ Мозокот е всушност „програмиран“ да памети лица, а не толку имиња.

Терминот „Бејкер ефект“ често се користи за да се опише една од причините зошто не можеме да се сетиме на имињата на другите луѓе кога ќе ги запознаеме.

Ако некому му кажеме дека работиме на аеродром, тогаш му даваме важни информации за тоа како го поминуваме времето.
Но, ако кажеме дека се викаме Марко, мозокот не ја поврзува таа информација со ништо.

Исто така, ако мозокот нормално не може да поврзе неколку информации, особено оние работи кои се веќе познати, тогаш поголеми се шансите да ги заборавиме тие информации.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *