July 19, 2024

Сигурно сте ја слушнале изреката „едноставно како гравче“. Иако подготовката на грав не е посебна наука, планинскиот грав е нешто повеќе од едноставно јадење .

За подготовка на планински грав ви треба: 450 гр шарен грав, пушено свинско ребро, 2 литри вода, 3 главици кромид , 2 чешниња лук, 1/2 свежа црвена пиперка, 1 морков исечен на прстени, Малку целер, Свежи коприви, свежо нане,
свежа мајчина душица, бибер, пипер, брашно

Подготовка: Гравот треба да отстои преку ноќ. Следниот ден процедете и измијајте го гравот. Зрната ќе бидат набабрени и цели.

Истурете ладна вода и варете на средна топлина 15 минути. Во друг сад издинстајте го кромидот, ситно сечканиот целер и морковот, а потоа истурете го гравот кој претходно сте го процедиле.

Додадете нова вода и свинските ребра и варете на тивок оган два до три часа. во меѓувреме додадете пиперка, сол и зачини, а на крајот ситно сечканата мајчина душица, копривата и нането. Не претерувајте со нане, бидејќи може да го расипе вкусот, доволни се два до три листови.

Истурете масло во помал сад и додадете брашно. Се пржи на средна температура додека брашното не порумени, па се додава пиперот и уште малку бибер, а на самиот крај две ситно сечкани чешниња лук. Соединете и варете уште десет минути на тивок оган.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *