February 23, 2024

Принципите на фенг шуи ќе ви помогнат да создадете средина која ќе ве поттикне и ќе ви помогне да ја привлечете енергијата на парите.

Фенг шуи е кинеска филозофија насочена кон подобрување на животот и навиките, домашната или работната атмосфера, но и кон воспоставување хармонија на енергија и дух.
Тоа е буквално уметност и концепт на уредување мебел во вашиот дом. Начинот на кој го поставувате и уредувате мебелот и другите елементи во куќата носи добри или лоши вибрации, а со тоа и позитивни или негативни можности.

Ако се прашувате како да привлечете пари во вашиот живот користејќи ја моќта на фенг шуи , еве пет правила што треба да ги следите.

Чистење. Извадете сè од вашиот паричник, сè. Избришете го целиот со влажна крпа од микрофибер за да го исчистите. Отстранете ги работите што не ви требаат.

Подредете се што ќе најдете внатре Веројатно имате еден куп сметки, или хартии кои навистина не ви се потребни. Ако меѓу нив има некои што мора да ги чувате, нивното место не е во вашиот паричник туку некаде во куќата каде што чувате други хартии поврзани со финансиите. Фрлете ги сите истечени членски картички и копирајте ги броевите од визит-картичките во вашиот телефон.

Не заборавајте на готовината – убаво исправете ги парите и потоа распоредете ги. Колку пати сте претурале по пари, затоа што не знаете каде е банкнотата или мислите дека е 100 од 1000 денари? Наредете ги парите по вредност, од најмали до најголеми и секогаш чувајте ги така. Ова е првиот чекор кон отстранување на „хаосот“ од вашиот паричник и ќе ви значи многу.

Што оди во која преграда? Секогаш носете го само она што мора да го имате со себе секој ден во вашиот паричник. Ако од него испаднат стуткани банкноти, избледени банкарски сметки, визит-картички, тоа потсвесно ќе ве изнервира штом го отворите. Сè што ви треба често ставајте во најлесно достапната преграда.

На него додадете парче хартија. Добрата енергија привлекува добри вибрации, затоа ставете парче хартија на кое сте напишале афирмација, порака до себе, па дури и чек дека сте си напишале за одредена сума,или некоја грепка на кои сте добитни некоја симолична сума но нема да ги уновчите, како симболи за привлекување добра енергија. .

Каде да го чувате? Го средивте паричникот, тој е подготвен да привлече добра енергија и изобилство, сега не би било добра идеја само да го фрлите во чанта полна со хаос. Организирањето на вашата чанта нека биде ваш следен чекор!

Уште еден совет, никогаш не купувајте половни паричници. Се верува дека на вас и на вашиот живот може да влијае енергијата на претходниот сопственик.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *