May 16, 2024

Камерон и неговите пријатели биле шокирани кога ајкулата скокнала на палубата од нивниот рибарски брод.

Камерата успеала да го „улови“ моментот кога најбрзата ајкула на светот скокнала на палубата од бродот и за малку ќе удрела во групата изненадени риболовци.

На видеото кое го споделил Камерон Синклер еден од риболовците на бродот, се гледа ајкулата која излегува од водата додека тие го привлекуваат својот плен во близина на бродот.

Групата риболовци ловела недалеку од крајбрежјето на Масачусетс во САД во текот на викендот кога ајкулата се удрила во палубата.

Додека се подготвувале да ја соберат уловената ајкула на задниот дел од чамецот, уште една ајкула се појавила пред нив, се превртела во воздух и влегла во бродот.

Ајкулата удрила на палубата и ги шокирала риболовците…
Еден од риболовците ја фрлил трската за ловење и почнал да бега, додека пак неговиот пријател останал заробен во аголот. Никој не бил повреден во овој „воздушен напад“ на ајкула.

Видеото е многу споделувано на социјалните мрежи и многу од љубителите на риболовот го нарекле „најлесен улов некогаш“.

Да го погледнете видеото кликнете ТУКА

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *