July 11, 2024

Ако не можеш да нараниш стотина луѓе, нарани само еден човек.
Оние кои ги осудуваат луѓето, немаат време да ги сакаат.
Некои луѓе влегуваат во твојот живот како благослов, а некои како лекција.

Не сме сите создадени да правиме големи работи. Но, затоа можеме да правиме мали работи со многу љубов.
Осаменоста и чувството дека не си сакан е најголема сиромаштија.
Не е важно колку работиш, туку е важно колку љубов внесуваш во тоа што го работиш.

За да го вратиме мирот не ни треба оружје и бомби. Ни треба љубов и сочувство.
Мирот започнува со насмевка.
Дочекувајте се едни со други со насмевка, зашто насмевката е почеток на љубовта.

Пронајдов парадокс. Ако некого сакаш до болка, тоа значи дека болката веќе ќе ја нема, туку само многу љубов.
Мирот не постои. Тоа е затоа што заборавивме дека припаѓаме едни на други.
Што може да направиш за да го промовираш мирот во светот? Оди дома и сакај го своето семејство.
Најди време за игра, тоа е тајната на вечната младост.

Секој кој ќе ти се приближи, нека си замине од тебе подобар и посреќен.
Повеќе има глад во светот за љубов и почитување, отколку за леб.
„Има работи кои ти можеш да ги направиш а јас не, но има работи кои јас можам да ги направам а ти не; затоа ајде да направиме нешто убаво заедно.“

„Не дозволувајте никој да замине од вас без да се чувствува подобро и посреќно. Бидете жив израз на Божјата добрина: добрина на лицето, добрина во очите, добрина во насмевката.“
„Ако сте обесхрабрени, тоа е знак на гордост бидејќи покажува дека верувате во сопствените моќи.“

„Знам дека Бог нема да да ми даде нешто што не можам да го поднесам. Понекогаш посакувам да не веруваше толку многу во мене.“
„Ајде секогаш да се пречекуваме еден со друг со насмевка, бидејќи насмевката е почеток на љубов.“
„Не можете сите да правиме големи работи. Но сите можеме да правиме мали работи со многу љубов.“

„Лесно е да ги сакаш луѓето кои се далеку. Не е секогаш лесно да ги сакаш оние кои се блиску до тебе. Полесно е да дадеш некому чаша ориз и да го ослободиш од гладот отколку да ја ослободиш осаменоста и болката на некој сакан во твојот дом. Внеси љубов во домот бидејќи тоа е местото каде љубовта еден за друг мора да почне.“
„Љубезните зборови може да бидат кратки и лесни за кажување, но нивното ехо е она што е бескрајно.“
„Дури и ако сте на вистинскиот пат, некој ќе ве престигне ако само седите.“

„Насмевнете се еден на друг. Насмевни ѝ се на твојата сопруга, насмевни му се на твојот сопруг, насмевнете им се на вашите деца, едноставно насмејте се еден на друг – не е важно кому – тоа ќе ни помогне да израснеме во поголема љубов еден кон друг.“

„Може да се премориш од работа, може дури и да се не можеш да мрднеш повеќе, но ако твојата работа не е испреплетена со љубов, тогаш таа е сосема бескорисна. Да се работи без љубов е еднакво на ропство.“
„Љубовта е овошје за кое не постои годишно време и овошје кое е на дофат на секоја рака.“

„Еднаш ме прашаа зошто не учествувам во антивоени демонстрации. Реков дека никогаш нема да го направам тоа, но штом ќе организирате митинг за мирот, веднаш ќе дојдам.“
„Најужасната сиромаштија е осаменоста и чувството дека никој не нè сака.“
„Ако вистински сакаме да љубиме мораме да научиме да простиме.“

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *