February 26, 2024

На затворени ќелии неодамна наишол тимот на Хелсиншкиот комитет и Здружението на млади правници во затворот во Струга.

Нивниот тим требало да изврши мониторинг на условите, но една од ќелиите била заклучена.
На мониторинг тимот не му беше дозволено да види една од собите на осудени лица кои беа излезени на работа на фирма.

Иако на заменик- директорот му беше предочено дека тимот има дозвола за непречен пристап до сите простории од страна на Управата, заменик-директорот информира дека на осудените лица им е дозволено да си го земат со себе клучот од собата, а вработените во установата немаат резервен клуч, се наведува во извештајот на Хелсиншкиот комитет, објавен на 6 декември.

Од Хелсиншкиот комитет велат дека не можат да откријат кои осуденици биле сместени во ќелијата која била заклучена, но дале препораки дека не смее на овој начин да се ограничува влезот на претставниците на граѓанскиот сектор.

КПУ Струга не смее да ограничи влез во простории на претставници од граѓански сектор кои имаат дозвола од страна на Управата за извршување на санкции за влез во сите простории во казненопоправните установи и разговор со осудените лица.

КПУ Струга не смее да дозволи осудените лица кои работат надвор од установата да имаат клуч од собата, а установата да не располага со резервен клуч, се наведува во препораките.

За време на посетата која била извршена кон крајот на јули во затворот беше сместен и бизнисменот Орце Камчев, како и Зоран Милевски -Кичеец, а подоцна беа спроведени и Сашо Мијалков и Ненад Јосифовиќ.

Засега не е јасно дали оваа пракса и понатаму се спроведува во затворот во Струга, односно дали додека и екс директорот на УБК, Мијалков, е на работа, ја заклучува ќелијата и никој не смее да влезе во неа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *