June 19, 2024

Девојката е 80 килограми потешка од своето момче и сите ја прозиваат поради тоа, но таа го живее животот во потполност!

Плус сајз моделот Леа Станил (33) од Вермонт е многу горда на врската со хирургот Ден (37) од Њујорк, истакнувајќи дека уживаат да бидат толку различни и дека нивната врска е многу имагинативна.

Имено, оваа необична двојка се пронашла преку апликација за запознавање во 2019 година , а двајцата нагласуваат дека веднаш „кликнале“. Иако секојдневно се мета на грди коментари поради огромната разлика во килограмите меѓу нив, тие тврдат дека тоа било љубов на прв поглед. А Леа и Ден набрзо го започнаа заедничкиот живот.

Манекенката која е специјалист за дигитални содржини и маркетинг не ја крие својата тежина, а добро е познато дека е 80 килограми потешка од своето момче.

Броевите не се важни, вашата разлика во килограмите не ја дефинира вашата врска. Тоа е буквално тема за која никогаш не сме разговарале. Очигледно и двајцата знаеме дека сум многу поголема и тоа е тоа. Мислам дека во свет каде што луѓето се опседнати со бројки од секаков вид, важно е да се запамети дека тие се токму тоа – само бројки. Кога се сретнавме за прв пат, веднаш кликнавме – вели Лија.

И додава дека на првиот состанок со Ден направила нешто што никогаш претходно не го направила.
Штом влезе во барот на нашиот прв состанок, го прегрнав, што нормално никогаш не го правам.

Во јуни, заедно се преселивме во сладок стан. Тој е најслатката личност, никој никогаш не се однесувал толку слатко со мене како тој . Имаме многу среќни моменти, многу се шегуваме, многу се смееме, ние сме само смешен, глупав пар – истакнува плус сајз моделот.

Иако парот успешно одолеа на бројните критики за нивната врска, Леа откри некои од „острите“ коментари кои луѓето ги пишуваа за нив.

Мислам дека овие коментари се толку безумни и затоа се смешни. Важно е да знаете дека секогаш ќе има некој кој е незадоволен од она што го правите и затоа треба да живеете за себе.
А само некои од ужасните коментари се: „Тој е со тебе за парите“ и како и „дефинитивно ја изневерува“.

И Ден и Леа жестоко ги негираат сугестиите дека не можат да се сакаат поради нивната разлика во големината и сакаат „мешаните односи“ да се нормализираат кога станува збор за тежината.

Никој никогаш ништо не ни кажува во лице, освен на интернет каде луѓето коментираат за разликата во нашите килограми. Луѓето исто така велат дека изгледа како да му е многу непријатно на фотографиите со мене бидејќи не му е толку удобно пред камерата како мене. Тие само се држат до се што можат. Овие луѓе обично не се самите во врски, гледаат поголема девојка и не можат да сфатат како можам да бидам во среќна врска.

Вишокот килограми никогаш не и пречел , бидејќи секогаш имала голема самодоверба.
Никогаш не ми пречеше, навистина сум уверена во тоа која сум и како изгледам, но мислам дека Ден можеби е малку помалку самоуверен. Кога сме заедно, тежината не е проблем, едноставно не се појавува како тема затоа што не е ни важно. Нашата среќа не зависи од нашата големина, затоа не ни е гајле , само среќни сме што сме заедно и што мислат другите луѓе не е навистина важно.

Таа го сврте сето тоа и многу ужива да работи како плус сајз модел.
Секој заслужува љубов, но како млада девојка се борев да најдам врска. Никогаш не сум имала дечковци затоа што нешто ми кажа дека не сум доволно добра , но сега сум многу посамоуверена. Не можеме да контролираме што некој ќе каже за нас, но можеме да го контролираме начинот на кој реагираме – заклучи таа.

Да го погледнете видеото кликнете ТУКА ТУКА

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *