July 11, 2024

Едноставен тест со чаша вода кој ќе покаже дали имате кандида може да се направи дома.

Како што е препорачано од Државниот центар за тестирање кандида на Флорида, најдобро е да го направите тестот за кандида со чаша вода наутро кога ќе се разбудите.

Пред да ја исплакнете устата, да плукате или да ставите нешто во устата, истурете чаша вода во чиста, проѕирна чаша. Соберете плунка во устата (не се накашлувајте претходно, важно е да соберете само течност од устата). Плукнете го во вода и гледајте што се случува.

Плунката ќе остане да лебди на површината и тоа е сосема нормално.
Меѓутоа, ако во рок од 15 минути се појават тенки, висечки „нишки“ кои се влечат низ водата, тоа е знак дека имате кандида во телото.

Овие прамени може да личат на прамени коса или на пајакова мрежа.

Друг знак може да биде многу заматена плунка која тоне до самото дно во рок од неколку минути или заматени точки во средината на чашата кои полека тонат или се собираат под плунката на површината.

Она што го гледате се всушност колонии на габи кои се поврзуваат во нишки и се препорачува веднаш да се јавите кај вашиот лекар и да започнете со лекување.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *