June 25, 2024

Уживајте во здравиот и вкусен напиток којшто ќе ги воодушеви вашите сакани, но и ќе ги изненади вашите гости.

Газираните и негазираните куповни сокови не се здрави и тоа сите го знаеме. За во овие студени денови гостите да ги изненадиме со нешто, ви предложуваме одличен рецепт за топла лимонада по рецепт на славниот готвач Џејми Оливер.

„Топлата лимонада со вкус и мирис на зимски зачини ќе ве воодушеви“, вели Оливер.

Состојки за 20 чаши топла лимонада:
3 литри матен сок од јаболка;2 литри вода;2 парчиња свеж ѓумбир;Стапче цимет;Малку мед;Сок од 12 лимони.

Подготовка: Сокот од јаболка ставете го во голем сад, па додадете два литри вода и варете на повисока температура. Исечете го ѓумбирот, но оставете ја кората и додадете цимет. Намалете ја температурата и оставете да се вари течноста околу 15 минути.

Додадете го сокот од лимон, варете уште неколку минути и засладете со мед по желба.
Ставете ја лимонадата во чаши, па послужете.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *