May 17, 2024

Иако некои гледачи веднаш погодија за што се работи, се чини дека повеќето беа целосно збунети обидувајќи се да разберат зошто се чини дека коњите имаат супермоќи

Видеото од два коња што се појави во јули во САД предизвика бунило на социјалните мрежи бидејќи покажува нешто многу чудно.

Имено, во вирално видео на авторката Кели Роџерс, може да се видат животни како навидум одат по вода или буквално стојат на површината на реката Солт во Националниот парк Тонто, Аризона.

Кели уживаше на отворено со своите двајца внуци, веслајќи по реката, кога наидоа на два величествени коња во плиткото. Таа, секако, морала да ги сними, иако во тој момент не забележала ништо што им „пркоси“ на законите на физиката. Но, кога го погледнала видеото, се изненадила кога видела како коњите благодатно „пловат“ на површината на водата.

Збунета од видеото, Роџерс ја сподели оптичката илузија на социјалните мрежи и ги чекаше одговорите на нејзините пријатели. Клипот наводно имал повеќе од 10 милиони прегледи на Тикток пред да биде избришан.

Иако некои гледачи веднаш погодија за што се работи, се чини дека повеќето беа целосно збунети обидувајќи се да разберат зошто се чини дека коњите имаат супермоќи. На крајот, беше постигнат консензус дека коњите веројатно само стоеле на полупотопен сплав или на голема и рамна пловечка површина.

Имаше и коментари во кои се објаснува дека илузијата настанала затоа што коњите биле во плиток дел од реката, додека Роџерс и нејзиното семејство биле на средина и ги влечела струјата. Тогаш оние што го гледаат видеото добиваат впечаток дека камерата стои во место, што не беше случај, бидејќи се спушташе и со брод.

„Тоа создава илузија дека тие [коњите] се оние што пливаат или се спуштаат по реката, а не ние“, изјави Роџерс за локалниот портал Кенеди њуз откако нејзиното видео стана вирално.

https://www.youtube.com/shorts/u_9yoqQ9Kk8

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *