December 10, 2023

Оптималната дневна количина е половина литар, а најефективна е ако ја пиете наутро, на празен стомак.
Неоспорен лек за исцелување на болни, а и за зајакнување на здрав организам е фантастичната козја сурутка, како нуспроизвод од производството на сирење од козјо млеко.

Протеините од неa на најдобар можен начин се сојузник на човековото здравје, толку што не постои човек на кој козјата сурутка на некој начин може да му наштети.

Бројни истражувања потврдија дека козјата сурутка помага при слабеење, го подобрува варењето, ги зајакнува коските, а се препорачува и за луѓе со дијабетес тип 2.

Може да го консумираат и луѓе со алергии, вклучително и деца. Малите деца често се алергични или нетолерантни на кравјо млеко поради присуството на протеинот казеин. За разлика од кравјото млеко , козјото млеко содржи минимална количина од овој протеин, па затоа повеќето луѓе се толерантни кон козјото млеко.

Како да пиете козја сурутка? Колку козјa сурутка е потребна, посакувана и дозволена на дневна основа, може да зависи од целта што ја имаме. Оптималната дневна количина е половина литар, а најефективна е ако ја пиете наутро, на празен стомак. Козјата сурутка се препорачува за спортисти и луѓе кои редовно вежбаат дури и после тренинг.

Треба да се напомене дека луѓето кои имаат проблеми со бубрезите не треба да претеруваат со козјата сурутка поради високата содржина на протеини.

Козјата сурутка се користи во народната медицина со векови. Хипократ ја советувал да го зајакне имунитетот и против исцрпеност. Денес, конзумирањето на козја сурутка се препорачува за луѓе со различни здравствени состојби, како што е заболување на црниот дроб, но важно е да се напомене дека оваа намирница не гарантира лек, но може благотворно да влијае на заздравувањето.

Коза сурутка за белите дробови,иако земањето коза сурутка како додаток во исхраната за шест недели може да ги елиминира проблемите со дишењето, не може да ја подобри функцијата на белите дробови и квалитетот на животот на луѓето кои страдаат од хронична опструктивна белодробна болест (ХОББ). Значи, козјата сурутка помага во чистењето на белите дробови, но не е доволно ефикасна за лекување на белодробни заболувања .

Козjа сурутка за црн дроб,козјата сурутка се користи и како природно средство за чистење на црниот дроб. На луѓето кои имаат замастен црн дроб им се препорачува да пијат две чаши козја сурутка наутро, два часа пред појадок.

Секако, ова само по себе нема да го реши проблемот, па затоа е неопходно да се смени начинот на исхрана – да се елиминираат преработените производи и мрсната храна и да се зголеми внесот на протеини. Козјата сурутка не треба да се пие повеќе од две недели.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *