
Доволно е да посегнете по две состојки кои сите ги имаме дома за да создадете совршена смеса која ќе ни помогне во секојдневното чистење.




„Коцка за чистење“ – како да ја направите?
Нема потреба никого да убедувате дека природните материи во чистењето се побезбедни и често поефикасни од хемиските. Добро е однапред да подготвиме природни средства кои ќе ни помогнат во секојдневната борба со нечистотијата .




Овој пат ви предлагаме како да направите коцка која ќе биде совршена за чистење на тоалетот, кадата или дури и на тушот. Само со него истријте ги валканите делови.




За да подготвиме коцка за миење на тоалетот или кадата ни треба само малку вода, паста за заби и калап за коцки мраз. Само исцедете малку паста за заби во сад и додадете вода.




Откако ќе ги измешате состојките, истурете ја смесата во калапи за коцки мраз. По пет часа можете да ги користите.