December 10, 2023

Украдени се сите подароци и пари кои планирале да ги потрошат на меден месец во Југоисточна Азија. Работата да биде уште полоша, од таткото на младоженецот е украден автомобил БМВ Х5, како и изводот од бракот, пишува Мирор.

Објавено: 26.08.2022.Неколку часа по венчавката, невестата Џејми Принс (31) и нејзиниот сопруг Пол Кирван (29) доживеале голем шок. Имено, некој ги украл сите подароци кои ги добиле на свадбата

Украдени се сите подароци и пари кои планирале да ги потрошат на меден месец во Југоисточна Азија. Работата да биде уште полоша, од таткото на младоженецот е украден автомобил БМВ Х5, како и извод од брак, пишува Мирор.

Двојката се венчала во Селби, Англија во The Barns и легнала околу полноќ. Но, кога се разбудиле наутро, добиле непријатен повик.

Бевме воодушевени од денот на нашата венчавка, но потоа откривме дека биле провалени три соби. Веќе никој не размислуваше за свадбата, туку само за она што го изгубивме.

Ги замоливме луѓето на свадбата да ни дадат пари за меден месец и тие ги ставија во челична кутија како поштенско сандаче која беше заклучена. Веројатно внатре имало 1.000 фунти – рекла невестата.

Крадците ги украле и сите инструменти на бендот што им свирел, меѓу кои и братот на невестата. Тие веднаш пријавиле се во полиција која трага по сторителите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *