May 23, 2024

Снимка снимена на автопат некаде во Словенија таму предизвика вистинска полемика. Имено, запирањето на возачот и изнесувањето на детето на коловозната лента станало предмет на расправија дали таткото постапил правилно, односно дали го загрозил своето дете.

На видеото објавено на Фејсбук страницата „Вози паметно со ДАРС“ се гледа маж, кој го запрел автомобилот на лентата за застанување и го извадил синот од задното седиште, го ставил до автомобилот на нокширот и чекал да се олесни.

Тој неколку пати го мрднал детето кое во еден момент, како што може да се види на видеото, било пред задниот дел од возилото. Откако извршил нужда, таткото го вратил детето во автомобилот, ја фрлил содржината од нокширот на страна од патот и си заминал.

Словенците кои ја гледаа содржината многу бурно реагираа на ваквото однесување, особено на странците кои патуваат низ оваа земја.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *