February 26, 2024

За многу од луѓето ќесичката од чај е отпад, па без размислување по искористување ја фрлаат во корпа за отпадоци.
Меѓутоа, тоа што многумина не знаат е дека ќесичката од чај, па дури и по варењето и натаму може да се искористи.

Еден од начините е ќесичката да ја закачите на радијатор или на квака. Звучи изненадувачки, но ефектот од овој трик ќе ве воодушеви, а истиот е особено корисен во текот на зимата.

Во текот на топлите денови главно пиеме вода, но кога ќе залади сакаме топли напитоци. Најмногу си правиме чаеви. Откако ќе го испиете вашиот топол напиток, ќесичките закачете ги на радијатор или квака – еве зошто.

Се докажало дека користените ќесички од чај имаат многу изненадувачка употреба. Најпознатата веројатно се користи како облога за уморни, надразнети или отечени очи. Ќесичката моментално носи олеснување и ја враќа свежината. Уште подобар ефект може да постигнете кога ќесичката ќе ја оставите во фрижидер одредено време, а таквата ладна облога некогаш е спас.

Закачете ќесичка чај на радијатор, Зошто? Одговорот би можел да ве изненади. Доколку ја натопите во своето омилено етерично масло, ќе делува како природен освежувач на воздух. Мирисот ќе биде присутен постојано кога вратата ќе се отвори и затвори.

А, доколку ќесичката ја ставите на радијатор, ќе биде уште подобро. Топлината ќе го зголеми пријатниот мирис, едноставно, евтино и без многу труд.

Ќесичката која виси на радијатор или квака можеби не изгледа добро естетски, но убаво мириса и тој мирис ја исполнува вашата просторија. Цената на таквиот освежувач е само неколку денари.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *