December 3, 2023

Пејачката Нина Бадриќ на своите следбеници на социјалните мрежи им ги покажа резултатите откако ја промени исхраната.
Нина изгледа фантастично, а делот за коментари под фотографиите е полн со пофалби.

Фотографијата што ја објави на својот јавен профил на Инстаграм, а на која позира во црни бикини со проѕирни делови ги воодушеви нејзините следбеници.

Последната особено го привлече вниманието на нејзините следбеници поради одличната форма на пејачката.
Нина пред две години воведе нова диета и строго се придржува до неа. Имено, таа од исхраната ја исклучила храната од животинско потекло, а понекогаш се почестува и со риба.

„Од кога се хранам вака, телото ми е во рамнотежа, кожата и косата ми се сјајни, а имам милион пати повеќе сила и енергија во споредба со претходните години, кога не размислував толку кои намирници ги внесувам во себе“, вели пејачката.

„Долго време ја држам диетата на Новак Ѓоковиќ и многу блиски луѓе кои така се хранат со години и се навистина има смисла. Мојата сила тројно се зголеми. И духот и телото.
Се чувствувам одлично, енергично, ведро, силно и на сите им препорачувам да го зајакнат имунитетот со здрава исхрана, а со тоа и килограмите се топат. Оваа промена е начин на живот, а не еднократна диета, а придобивките од овој тип на исхрана се навистина непроценливи за нашето здравје и живот“, изјави Нина Бадриќ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *