April 15, 2024

Ова е едноставен трик со кој можете да ги отстраните сите нечистотии и непријатни мириси од мијалникот
Многу едноставен и економичен трик.

Кога нешто треба да се исчисти , сите прво посегнуваме по хемиски препарати, но вистината е дека веќе имаме се во кујната .

Ова е едноставен трик со кој можете да ги отстраните сите нечистотии и непријатни мириси од мијалникот .

Состојки: 1/2 чаша сок од лимон, 1/2 чаша сода бикарбона.
Загрејте го сокот од лимон и додадете ја сода бикарбоната за да се раствори. Направете го тоа полека, бидејќи ќе има одредена реакција во вид на пена, помеѓу содата и сокот.

Промешајте и полека истурете во одводот. Почекајте десет минути за да се апсорбираат сите нечистотии, а потоа исплакнете со топла вода.

Нема да остане ни трага од непријатни мириси. Само свежина.
На овој начин ќе ги исчистите одводите и ќе ги отстраните сите непријатни мириси. Наместо сок од лимон, можете да користите алкохолен оцет.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *