December 10, 2023

„Моето име е Антоније . Имам брат и тој е во брак. Татко ни почина пред 15 години. Мајка ми живее одвоено од нас, на другата страна од градот. Јас и брат ми секогаш наизменично ја посетуваме, и купуваме храна и се за неа што треба.Секогаш е со нас на сите важни настани.

По смртта на нашиот татко, уште повеќе се приврзавме со неа, се од желба да не се чувствува сама. Честопати и се јавуваме на нашата мајка на крајот од денот за да разговараме за тоа што се случило во денот зад нас.

Изгледа тоа беше голема грешка. Кардинална грешка. Нашата мајка е навикната да биде во чекор со нашите животи. Таа е навикната да оди секаде со нас – одмори, зимски одмори, викенди, патувања…

Кога се оженив , се случуваше да одам на продолжен викенд со сопругата, а мајка ми да се налути што не и се јавивме.

Кога го добивме син, ситуацијата се влоши. Првата година или две, мајка ми се грижеше за него , дојде на одмор со нас. Имавме корист од нејзината голема помош, но потоа детето порасна и повеќе не ни беше потребна нејзината помош во голема мера.

Еднаш нашиот синот Игор победи на локален натпревар за цртање. Кога дојдовме дома, му реков на син ми да и се јави на баба му и да ја сподели добрата вест со неа. што и го направи. Сепак, таа стана страшно вознемирена.

Почна да плаче и да се жали дека не ја поканивме да дојде со нас. Ми рече дека ја фрливме како старо партал, сега кога веќе не ни треба.

Почнав да ја тешам, но мојата сопруга полуде! Мајка ми отсекогаш била „тешка“ тема во нашиот брак. На мојата сопруга и пречеше што мајка ми имаше толку големо влијание и увид во нашиот брак.

Кога слушна дека мајка ми ја обвинува за оваа „промена“, работите се влошија. Се најдов меѓу два огна – две бесни жени.

Мајка ми од една страна врескаше дека сопругата ме манипулира и дека не ми дозволува да ја видам сопствената мајка, а од друга жена ми викаше дека се однесувам како бебе и ја влечкам мајка ми со себе, насекаде.

Сега се наоѓам во незавидна ситуација. Ситуацијата во куќата е крајно напната, додека односот со мајката е сериозно разнишан.

Од една страна, ја разбирам мојата сопруга и нејзината желба да ги чува семејните тајни во нашите четири ѕида. Повторно мајка ми постојано ми вели дека „ една е мајка, и секогаш ќе има жени“.

Не знам што да правам и како да го решам овој проблем?“

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *