May 17, 2024

Како да престанете да размислувате негативно – една еврејска поговорка ја открива најголемата тајна за среќен и успешен живот.

Животот можеби делува комплицирано во одредени животни ситуации, но неговите правила се многу едноставни и јасни. Потребно е само да ги освестиме некои од основните насоки и да сфатиме дека животот е прекрасно патување на кое можеме да бидеме среќни, исполнети, креативни, свои… Една еврејска поговорка ја открива тајната на успешниот и среќен живот на кој денес, за жал многумина заборавиле:

„Песимизмот е луксуз којшто не може да го има секој“
Во оваа едноставна реченица се крие еден од најубавите животни избори – избор да бидеш среќен.

Кога човекот ќе се препушти на песимизмот, исполнет е со негативност, страв и тегоби, но кога ќе сфати дека изборот е во неговите раце, светот и сè во него е обоено со убави и светли бои.

Кога ќе се случат тешки околности, размислувате за уште посреќни сценарија, да бидете негативни – тоа е луксуз.
„Кој ќе залута во барата на негативноста од тој кал тешко дека ќе излезе“.

Затоа оптимизмот секогаш е добар избор, но тоа не треба да биде лажен и површен оптимизам. Тоа не е игнорирање на реалност, туку здрава и бистра позитивност.
Оптимизмот не значи слепо верување во светлата иднина, оптимизмот е прифаќање на себеси и реалноста.

Прифатете се себеси со сите предности и недостатоци. Не одрекувајте се од тоа што се случува сега и тука, не кријте се од тоа, туку правете планови и акции врз основа на реалноста каква што е . Истовремено, без размислувања за лоши работи, без нагласувања на најлошите прогнози.

Затоа што и да ви сервира животот – вие бирате во сето тоа да ја пронајдете светлата трага и да увидите што е добро. Тоа е силата на оптимизмот која го менува животот!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *