
“Бог да чува“, чукањето на дрво е „докажан“ начин да се оттргне лошата среќа




Без разлика дали верувате во некои работи, или воопшто не сте склони кон суеверие , има моменти кога сигурно ќе тропнете во дрво … за да не чуе злото. Вообичаено чукањето во дрво се користи за да се оттргне или одбрани лошата среќа, а иако овој израз е познат долго време, неговото потекло е сосема непознато.




Во културите кои ја користат оваа практика, во дрвото се чука за да се „избрка“ лошата среќа и да се заджи добрата среќа. Во модерното време, се верува дека ако тропнете на дрво кога кажете дека имате среќа, нема да го изгубите и ефикасно ќе се заштитите од губење на среќата.




Терминот најчесто се користи кога „влогот“ е голем. Кога зборуваме за нешто важно и чувствуваме дека работите или настаните се премногу добри за да бидат вистинити, чукаме во дрво откако им ја кажуваме на другите нашата добра вест.




„Чукањето“ е со непознато потекло, но е дел од народниот јазик, на пример во Велика Британија потекнува од 19 век. Честопати традицијата е поврзана со древните пагански култури, кои верувале дека духовите живеат во дрвјата. Се сметало дека чукањето на дрво ги повикува духовите за заштита или ги штити од злите. Други веруваат дека традицијата можеби потекнува од детска игра.




Дали навистина функционира чукањето во дрво? Бидејќи се работи за суеверие, нема докази дека кажувањето на фразата или физичкото чукање во дрво навистина функционира. Сепак, исто така, нема сомнеж дека некому може да му даде помирно чувство.




Студиите, всушност, покажаа дека „чукањето во дрво“ може да ги намали нашите стравови, наместо да спречи лоши работи да ни се случуваат. Во една студија од 2014 година, истражувачите открија дека суеверија како ова се ефикасни во намалувањето на очекуваните негативни последици.