February 23, 2024

Се топат во уста: Рафаело кокос коцки..

СОСТОЈКИ:5 јајца,300 гр шеќер + 5 лажици,150 гр брашно + 5 лажици,150 гр кокос + уште малку за посипување,1/2 л млеко + 2 шолји,маргарин,шлаг или рендано чоколадо за декорација.
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Разматете 5 белки, 200 гр шеќер, 150 гр брашно и 150 гр кокос. Ставете ја смесата во плех од рерна и печете на 180 степени. Кога кората ќе се излади прелијте со 2 шолји врело млеко.

За филот, разматете 5 жолчки со 5 лажици шеќер и 5 лажици брашно, потоа згответе во половина литар млеко додека не згусне како пудинг. Во изладениот фил додајте 1 разматен маргарин со 100 гр шеќер.

Филот премачкајте го преку кората и од горе посипете со кокос и рендано чоколадо. Доколку не сакате кокос, од горе ставете шлаг преку филот.
Уживајте!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *