May 17, 2024

Кралското семејство многу добро знае како изгледаат најдобрите светски ресторани, но сепак имаат некои јадења кои ги обожаваат, а се сосема обични.

Војвотката од Корнвол посетила некои од најлуксузните ресторани ширум светот, но има едно јадење што таа обожава и не се срами да јаде кога и каде и да има прилика.

Иако често посетува некои од најпознатите ресторани и готвачите со најголема умешност често и готват, кралицата не се срами да каже дека нејзиното омилено јадење е всушност свежо зготвената риба и чипс.

А наместо луксузни садови, златен прибор и врвна услуга, на кралицата сака кога рибата се служи во најобична хартија, а компирот е свежо печен.

Омилена риба и е бакаларот, кој е зачинет со бибер и сол. Потоа го валкаме во брашно, па во смеса од жолчка и растопениот путер. Потоа рибата се пече во рерна за да добие убава боја и однадвор да биде крцкава, а внатре мека и сочна – вели еден од готвачите кој често го подготвува овој специјалитет за кралицата.

Како што вели тој, ова јадење често барало кралицата да се приготвува кога има гости.

Она што многумина ги насмеа беа фотографиите на кои можеше да се види како кралицата ужива во овој оброк јадејќи го со раце без прибор за јадење.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *