






Девица. Девиците веројатно се несреќни бидејќи се „контрол фрикови“. Секогаш планираат сè и се плашат од најмало отстапување од планот, овие луѓе не се справуваат добро со промените. Доколку малку ги олабават своите строги ставови, би можеле добро да ги искористат можностите што им се нудат и да станат позадоволни во животот.




Скорпија. Животот на овие луѓе е хаотичен, но им одговара. Тие не веруваат во среќа, а предизвиците им дозволуваат да го градат својот карактер и да станат посилни секој ден. Иако овој знак не е баш миленик на среќата, мора да се признае дека никогаш не се откажува.




Јарец. Јарецот не верува во среќа, туку верува во работа, труд и пожртвуваност. Додека понекогаш сами си ја создаваат среќата, животот ретко им нуди поволни можности. Во секој случај, и онака не сакаат промени и изненадувања, па најмногу им одговара живот без преголема возбуда.




Рак. Ракот гледа нешто лошо во сè и тешко излегува од својата комфорна зона. Ова се најмалку две добри причини зошто тие се сметаат за несреќен знак. За да избегнат разочарување, Раковите избегнуваат промени. Специфично за нив е што се песимисти кои никогаш нема да ја искористат шансата, без разлика колку е голема.