December 3, 2023

Доколку сакате да направите нешто слатко, но не сакате да поминувате многу време во кујната на овие високи температури, имаме одличен предлог за вас.

Тортата со чоколадо и џем се подготвува брзо, а вкусот е феноменален.
Ниту почетниците нема да имаат проблем, бидејќи подготовката е многу едноставна.

Проверете и уверете се самите!
Состојки:3 јајце,3 лажици шеќер,10 гр ванилин шеќер,100 гр стопено чоколадо,100 мл масло,100 гр брашно,1 лажичка прашок за пециво,рендана кора од лимон и 5 лажици џем (по избор).

За облогата:4 лажици џем,100 гр чоколадо,2 лажици масло
и 2 лажици млеко.
Подготовка:

Јајцата се матат со шеќер и ванила. Додадете џем, масло, чоколадо, брашно, прашок за пециво и кора од лимон. Соединете и истурете во тавче.
Се пече на 200 степени околу 20 минути. Оставете малку да се излади, околу 10 минути, па премачкајте со џем, а потоа прелијте го со чоколадото кое сте го стопиле со маслото и млекото.
Пријатно!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *