
Стручњаците предупредуваат на опасноста од ширењето на „камилин грип“ на Светското фудбалско првенство во Катар. Се работи за тешка респираторна болест која навивачите што се врачаат од Катар може да ја пренесат низ целиот свет.




Навивачите што се враќаат од Катар им се советува да внимаваат на симптомите на „камилин грип“, потенцијално смртоносна респираторна болест чии симптоми вклучуваат температура, кашлица и повраќање.




Блискоисточниот респираторен синдром (MERS) е вид на коронавирус кој може да се добие во близок контакт со камили или од конзумирање производи од камили, извести британската Агенција за здравствена безбедност и ги предупреди лекарите да бидат внимателни поради можноста навивачите што се фратиле од Светското првенство во Катар да покажуваат знаци на болеста, известува Daily Mail. Ризикот вклучува и близок контакт со заразено лице.




Во В.Британија досега се пријавени пет случаи на MERS, последниот пријавен случај бил во август 2018 година. Засега се уште нема пријавени нови случаи.




Болеста прв пат е препозната во 2012 година и тогаш имало 2.600 позитивни случаи во светот, главно на Арапскиот полуостров, известува Светската здравствена организација, укажувајќи и на големата смртност поради фактот дека една третина од заразените пациенти починале.




Во Катар се забележани два случаи на „камилин грип“. За оваа болест не постои посебен лек, се работи само на ублажување на симптомите.