May 17, 2024

Расипани печурки можат да бидат опасни по здравјето
Печурките спаѓаат во групата на многу чувствителни намирници кога станува збор за надворешно влијание врз нив.

Никогаш не треба да заборавите дека скапаните печурки можат да бидат многу опасни по вашето здравје и затоа треба да бидете многу особено внимателни.

Кај особено чувствителни личности, дури и печурките, кои се безопасни за повеќето, може да предизвикаат благо труење со повраќање и дијареа.

Печурките можат да останат во фрижидер само неколку дена и тоа само доколку се чуваат на правилен начин. Ставете ги во хартиена кеса, а потоа во поголема најлонска кеса која ќе ја пробиете на неколку места, за да има проток на воздух.

Пред да ги исецкате и ставите во фрижидер, не треба да ги миете, бидејќи така само ќе се забрза нивното расипување. Ладниот воздух ќе ја зачува свежината на печурките неколку дена, но не треба да ризикувате да ги чувате подолго од 2, максимум 3 дена.

Се препорачува да ги држите подалеку од намирници со интензивен мирис, бидејќи печурките кои имаат појака арома лесно ја впиваат. Ако има и најмал знак дека се расипани, се препорачува веднаш да ги фрлите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *