May 17, 2024

Рита Аугестад Кнудсен е сопруга на косовскиот премиер Аљбин Курти.

Сопругата на Аљбин Курти сите овие години беше подалеку од очите на јавноста, освен кога зборува за својата работа. Меѓу штурите информации кои можат да се најдат за неа, се наведува дека моментално ја извршува функцијата виш истражувач во Норвешкиот институт за меѓународни односи.

Областите со кои се занимава, меѓу другото, се проценките на ризикот поврзани со тероризмот, екстремизмот, радикализацијата, но и меѓународното право на Косово. Објавила голем број публикации и докторирала по меѓународна и интелектуална историја од престижната Лондонска школа за економија и политички науки.

Аљбин Курти, лидерот на косовското политичко движење „Самоопределување“, што е термин спомнат и во насловот на книгата на Рита Аугестад Кнудсен и премиер на Косово, никогаш детално не зборувал за медиумите за својот приватен живот. Сепак, тој еднаш изјави:

Мислам дека животот е донекаде мистериозен и не знаеме каде ќе не одведат брановите. Така ја запознав сопругата во Приштина и излезе дека сум задоволен од тоа каде ме одведоа брановите.

Тој истакна дека во семејството нема „шеф“, туку „имаат некакво самоуправување“. Како што откри, неговата сопруга има многу членови на семејството кои живеат во Осло, каде што одат во лето, бидејќи „летата се фантастични во Скандинавија“, додека во зима претежно престојуваат во Косово.

Сопружниците Аугестад Кнудсен-Курти се венчаа во 2015 година. Тие ја имаат шестгодишната ќерка Леа. Приштинските медиуми пред две години објавија дека Рита заработува значително повеќе од нејзиниот сопруг. Курти тогаш пријавил дека неговиот годишен приход бил околу 19.000 евра, а на сопругата 42.000 евра.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *