July 19, 2024

Занимањето стјуардеса е многу популарно денес, со оглед на тоа што има се повеќе девојки кои имаат амбиции да станат такви. Главни асоцијации со ова занимање се пред се патувањата до егзотични дестинации, а потоа платата која во авиокомпаниите во просек изнесува неколку илјади евра.

Колку социјалните мрежи влијаеле на популаризирање на работата стјуардеса докажуваат безброј фотографии од девојки кои секој пат се фалат со престојот во нова земја. Стјуардесата Кристина Грабеж која е многу активна на Инстаграм и ТикТок во една прилика проговори за ова.

Кристина има над 43.000 следбеници, а судејќи според коментарите, нејзините следбеници обожаваат да ги гледаат клиповите поврзани со работата што ги објавува. Често открива работи кои луѓето не ги знаат, како што се случува во авионот, разни непредвидени ситуации, но и работата што ја работи.

Така, во една прилика ги открила најголемите маани на оваа работа, поточно причините поради кои девојките сфаќаат дека сепак не сакаат да работат како стујардеси. Преку две видеа наречени „Дали се уште сакаш да бидеш стјуардеса или стујард?“ и „Што им пречи на стјуардесите“, објаснила Кристина што им пречи на девојките.

„Тие сакаат да бидат стјуардеси додека не разберат чистење на тоалети, будење во два часот наутро, работа на сите празници, несакано флертување, хронична несоница, губење на косата, зголемување на телесната тежина од авионска храна, изложеност на зрачење. и вируси“, напиша таа.

Стјуардесите и стјуардите се лица кои обезбедуваат безбедност и удобност на патниците за време на летот. Тие подготвуваат и служат оброци и пијалоци, комуницираат со патниците и екипажот, обезбедуваат важни безбедносни инструкции и ја одржуваат средена внатрешноста на авионот за време на летот.

Иако оваа работа е исклучително заморна, искусните стјуардеси тврдат дека заморот се заборава веднаш штом одморите и посетите една од вашите омилени дестинации.

Да го погледнете видеото кликнете ТУКА  ТУКА

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *