June 19, 2024

Животот за многумина е суров, само некои добиваат шанса да го променат, а едно момче се надева дека во иднина ќе може на себе и на своето семејство да им обезбеди нормални услови за живот.

Ова момче ја расплака цела Аргентина, вклучувајќи ја и новинарката која разговараше со него.
Репортажата на телевизија „Хроника“ растажи многумина што ја гледаа, а клип од него на социјалните мрежи погледнаа неколку милиони луѓе.

Момче кое ги покажува своите вештини со фудбалска топка откри дека сака да стане фудбалер за да го спаси своето семејство од сиромаштијата и бедата во која живеат.
Мамо, кога ќе бидам фудбалер, ќе те извадам одовде – тоа е ветување кое расплака дури и новинар.

Во извештајот е откриено дека момчето и неговото семејство живеат во дел од градот каде децата се каснувани од стаорци и кој е многу полош од селата.

Идол на момчето е Диего Марадона, а тој вели дека се надева дека Господ ќе му помогне на патот кон успехот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *