May 18, 2024

Аргентинскиот уметник Рафа Фери откри биста посветена на легендарниот Диего Марадона за време на фудбалски турнир во Аргентина .

Фери секако очекуваше дека неговата работа ќе привлече големо внимание, но едвај очекуваше дека ќе наиде на светска осуда. Затоа што бистата личи на сите освен на Диего Марадона !

Фере пред натпреварот помеѓу младинците на Аргентина и Валенсија ја покажа својата работа во присуство на претседателот на Фудбалскиот сојуз на Аргентина, Клаудио Тапија и речиси веднаш предизвика лавина негативни коментари.

Диего Армандо Марадона роден на 30 октомври 1960, Вила Фиорито, Буенос Аирес – 25 ноември 2020, Тигре, Буенос Аирес) — поранешен аргентински фудбалер и фудбалски тренер, светски првак од Мексико 1986 и еден од најдобрите и најпопуларни фудбалери на сите времиња.

Неговите родители биле Диего Марадона Постариот и Далма Салвадоре Франко. Неговиот прадедо од мајчина страна, Матео Кариолиќ, е роден на Корчула, Далмација (денес во Хрватска и емигрирал во Аргентина, каде е родена неговата баба Салвадора.

Салвадора ја крстила својата ќерка Далма по хрватскиот регион (Далмација), по кого Марадона ја крстил неговата најстара ќерка. Марадона се оженил со неговата долгогодишна свршеница Клаудија Вилафане на 7 ноември 1989 во Буенос Аирес, и тоа по раѓањето на нивните ќерки, Далма Нереа и Џианина Динора. Во својата автобиографија, Марадона признава дека не ѝ бил секогаш верен на Клаудија, иако неа ја опишува како љубовта на неговиот живот.

Во Барселона, Марадона за првпат пробал опојна супстанца. Тоа подоцна го образложил на следниот начин:
Ништо посебно. Сакав да се чувствувам поживо.

Во клубот сите се сомневале, но молчеле, бидејќи Марадона бил преголема инвестиција. Потоа, тој настапувал во ТВ реклами против дрогата, за што бил добро платен.

Марадона умрел утрото, на 25 ноември 2020 година, како последица на срцев удар. На почетокот на ноември, тој бил примен во болница, каде бил опериран поради излив на крв во мозокот. По излегувањето од болницата, тој закрепнувал во својот дом во Тигре, во близината на Буенос Аирес.

Веста за неговата смрт предизвикала бројни коментари ширум светот. Така, Лионел Меси напишал на инстаграм: „Многу тажен ден за Аргентинците и за за фудбалот. Тој нè остави, но не замина, зашто Диего е вечен.“ И Кристијано Роналдо ја искажал својата тага на друштвените мрежи, нарекувајќи го Марадона „вечен гениј“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *