
Стјуардесите откриваат што никогаш не треба да прават патниците.




Иако повеќето од нас не летаат толку често, сите ние генерално го сметаме овој начин на транспорт како луксуз. Меѓутоа, оние на кои во авионот им е работно место честопати не би се согласиле со таа изјава. Од тесниот простор до не толку хигиенските услови, стјуардесите не уживаат баш во целосна удобност додека работат.




Бидејќи кабинскиот персонал одлично ја познава внатрешноста на авионот, ви ги пренесува нивните препораки за 5 работи кои секој патник треба да ги земе предвид пред, после и за време на својот лет.




Кога се качувате или се обидувате да ставите торба во надземниот простор, влезете во вашиот ред за да ги оставите другите патници да поминат. Сосема е во ред ако ви треба малку повеќе време за да го направите ова, но погрижете се да не го блокирате преминот на другите патници и да предизвикате сообраќаен метеж.




Исто така, ако одлучите да ги истегнете нозете, не го правете тоа на средината на патеката, бидејќи стјуардесите може да се сопнат и да се повредат. Не е безбедно, и ако персоналот поминува со количка за храна, има големи шанси да ве закачат и да ве удрат без никаква намера.




Не давајте искористени вреќи за гадење на екипажот. Ако ви се слоши во авионот , знајте дека искористените вреќи за гадење никогаш не им се даваат на стјуардесите, туку се оставаат под седиштето. Екипажот во кабината може да ви даде уште една торба ако ви треба. Сепак, не туркајте ги во раце она што сте го користеле на персоналоти , туку имајте малку обѕир кон овие луѓе.




Не наслонувајте се на прозорците. Некои делови од авионот се повалкани од другите, а најдобар пример се прозорците на кабината. Затоа, внимавајте да не заспиете со главата свртена кон прозорецот. Немате начин да знаете колку луѓе го направиле истото пред вас или дали тој прозорец бил исчистен пред вашиот лет.




За време на летната сезона и жешките горештини, може да бидете во искушение да облечете шорцеви или кратко здолниште и да летате во авион. Особено ако се упатувате кон некоја егзотична и тропска дестинација. Тоа е голема грешка.




Не само што ќе ви биде ладно во кабината, туку може да се заразите и без да го сфатите тоа. Имено, нема начин да знаете кој патувал на вашето место пред вас или кога авионот последен пат бил темелно исчистен. Затоа, најдобро е да носите панталони додека летате.




Не допирајте го копчето за пуштање вода на тоалетот. Никогаш не допирајте го копчето за испирање над тоалетот на авионот . Секогаш треба да ја вклучувате водата, но не го допирајте тоа копче со голи раце, бидејќи е неверојатно валкано и полно со микроби, пишува порталот Мирор . Наместо тоа, кога тече вода, користете салфетка или марамче како бариера.