May 23, 2024

Шетајќи по улиците на Лондон, Џеф Лонго наишол на мало и слабо животно на тротоарот и веднаш се погрижил да му помогне. Иако не знаел што е, го однел дома.

Беше толку мало што не можеше ни да сфати што е, па ја објави сликата на Редит и праша што да прави. Многумина му рекле дека животното нема шанси да преживее, но Џеф не сакал да се откаже.
Така започна патување на надеж и пријателство кое го промени животот на Џеф и му даде нов пријател.

На почетокот, суштеството беше само три сантиметри, но со текот на времето почна да расте. На крајот, благодарение на група ветеринари, дознал дека се работи за летечка верверица.
Џеф сè уште живее со својот нов пријател до ден-денес.

Должината на телото на верверичките се движи од 6 (глувчева верверица) до 60 cm (мраморец или мрмот). По својот надворешен изглед, вервериците може да се поделат на 3 типа: верверици кои живеат на дрвја, верверици кои живеат на површината на земјата и летачки верверици, при што се смета дека заедничкиот предок бил најсроден со вервериците кои живеат на дрвја.

Кај дрвенестите верверици, каде припаѓа обичната верверица, имаат долги бушави опашки, остри канџи и големи уши, понекогаш со прамен од влакна. Кај летачките верверици по страните од телото, меѓу прсните ковчиња и ковчињата на стапалото се наоѓа кожна мембрана, која им овозможува падобрански лет.
Приземните верверици се одликуваат со покрупни тела и кратки силни предни екстремитети. Кај сите верверици задните екстремитети се подол

Вервериците се паметни животинки, во населените места тие се способни да се исхрануваат од птичјите хранилки, потоа копаат во потрага по семиња од растенијата и се населуваат во места какви што се поткровјата и мансардите. И покрај тоа што многу компании продаваат хранилки со заштита од верверици, многу малку од нив се во состојба да ги спречат.

Понекогаш вервериците се сметаат за штетници бидејќи можат да изгризаат сè што е можно; нивните заби се секогаш остри и постепено се обновуваат (кај глодачите забите растат постојано). Сопствениците на куќи кои се наоѓаат во области со голема популација на верверици мораат внимателно да ги затворат своите подруми и поткровја, бидејќи вервериците таму можат да изградат свои гнезда и да направат разновидни штети.

Верверицата може да се нахрани од човечка рака. Бидејќи се адаптирани да го кријат вишокот од храна, тие ќе доаѓаат сè додека им се нуди храна. Кога еден човек ја намамува верверицата за да ја нахрани, таа ќе се враќа кај него секој ден за нова порција. Вервериците кои живеат по парковите и градините одамна научиле дека човекот е извор на храна.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *