December 10, 2023

Бугарската пророчица била позната по своите зачудувачки предвидувања, но и по народните совети кои ги давала, а кои се покажале како зачудувачки здрав разум и делотворни.

Родена е како Вангелија Пандева Димитрова, но во поранешна Југославија речиси сите ја знаат подобро како Баба Ванѓа Нејзините пророштва го потресоа светот и продолжуваат да го прават тоа до ден-денес, а нејзините совети и денес се ѕвезда водилка за многумина. Ви ги пренесуваме најпознатие совети на Баба Ванѓа за долг и здрав живот и паричник полн со пари.

Здравствени совети: Не прејадувајте – тоа доведува до сериозни болести кои ги зафаќаат сите органи.
Не пушете цигари. Шетајте боси во текот на летните месеци. На овој начин ќе ја зацврстите врската со „Мајката природа“.

Сакајте се и правете добро. Научете да одмарате правилно. Денот е за работа, а ноќта е за спиење. Легнете си најдоцна до 22 часот, а станувајте во 5-6 наутро.

Еднаш неделно јадете пченица натопена во вода. Со тоа го прочистувате телото.
Јадете ржан леб за одржување на здравјето.
Имајте повеќе активности и повеќе работа. Мрзеливоста е болест која ги уништува и телото и душата.
Не се капете со премногу топла вода, пишува mysteries24.com.

Секогаш јадете и пијте од цели и нескршени чинии и чаши, на овој начин ќе ја задржите добрата енергија и среќата во вашиот дом.

За да спречите среќата и благосостојбата да го напуштат вашиот дом, ставете неколку парички во осамено ќоше.
Ставете ги гранките Бозел над влезната врата и тоа ќе ве заштити од негативни работи.

Корите леб и трошките што останале од ручекот или вечерата, дајте им ги на птиците – така среќата ќе влезе во вашиот дом, пишува порталот znajajemo.info.

Никогаш не се фалете со својата среќа, а особено не правете го тоа пред странец. Нивната љубомора може да донесе зло во вашиот живот.

Не чувајте скршено или испукано огледало во куќата. Тоа ви ја краде среќата. Тој предмет нема место во вашиот дом.
Носете пари во паричникот – никогаш не стуткани во џебовите. Тоа ќе ви помогне да постигнете просперитет.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *