April 18, 2024

Колку повеќе старееме, толку потешко ни е да се движиме, што може или не може да се должи на когнитивниот пад, велат експертите.
Како што старееме, нашето одење станува побавно, а научниците утврдија зошто тоа се случува.

Нечие бавно одење може да биде последица на проблеми со коските, колкот, нерамнотежа и слично, но според експертите има и други причини.

Новото истражување покажува дека побавното одење од година во година може да се појави и како последица на когнитивно опаѓање. Истражувањата го поврзуваат бавното одење со намалувањето на десниот хипокампус (делот од мозокот поврзан со меморијата), што се јавува како резултат на стареењето.

Сепак, научниците истакнуваат дека сите знаци на когнитивно опаѓање не мора да укажуваат на подоцнежниот развој на деменција . Само 10 до 20 отсто од луѓето на возраст од 65 или повеќе години со благо когнитивно оштетување развиваат деменција во текот на следната година, според Националниот институт за стареење на САД.

Во многу случаи, симптомите на когнитивното опаѓање можат да останат исти или дури и да се подобрат – објаснуваат научниците.

Новото истражување на речиси 17.000 возрасни над 65 години открива дека постарите луѓе кои одат за 5 отсто побавно секоја година, додека исто така покажуваат знаци на побавна ментална обработка, имаат поголема веројатност да развијат деменција.

Резултатите од истражувањето беа објавени во списанието JAMA Network Open.
Овие резултати укажуваат на важноста на одење во проценката на ризикот од деменција – напишала авторката на истражувањето Таја Колер.

Поголем ризик за оние кои одат побавно и во исто време побавно ги обработуваат податоците
Студијата следеше група Американци на возраст над 65 години и Австралијци над 70 години седум години. Секоја втора година, од учесниците во студијата беше побарано да пополнат когнитивни тестови кои го мереле целокупниот когнитивен пад на мозокот , меморијата, брзината на обработка на податоците и вербалната функција.

Двапати секоја втора година од испитаниците беше побарано да одат 3 метри. Резултатите се комбинираат за да се одреди типичното темпо на одење на една личност. На крајот од истражувањето, научниците откриле дека најголем ризик од развој на деменција постои кај луѓето кои биле побавни во двете категории, па не само што оделе побавно, туку покажувале и одредени знаци на когнитивно опаѓање, изјави д-р Џо Вергезе. професор по геријатрија и неврологија на Медицинскиот колеџ Алберт Ајнштајн, кој не учествувал во истражувањето.

Вежбањето помага. Со цел да се забави процесот на намалување на десниот хипокампус, кој се развива со стареењето, се препорачуваат аеробни вежби кои можат да ја зголемат големината на хипокампусот, зголемувајќи ги некои аспекти на меморијата.

Тренингот за аеробни вежби би го зголемил волуменот на предниот десниот хипокампус за 2 проценти, со што ќе го запре падот на органот поврзан со возраста за една до две години. За време на аеробни вежби, отчукувањата на срцето и дишењето се зголемуваат. Таквите вежби вклучуваат брзо одење, пливање, трчање, возење велосипед, танцување и кик-бокс.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *