June 25, 2024

Многумина се на мислење дека средбите со диви животни се вообичаени во Австралија. И главно се во право, а тоа го поткрепува и следното видео кое го снимила Кери Џенкинс додека таа и нејзиниот партнер се возеле по автопат. Додека возеле, од делот на моторот излегла змија.

Се вовлекла низ предниот капак на моторот и прелетала над хаубата на местото каде што на некои автомобили гледаме значки на марки на автомобили, па дури и соодветни „скулптури“ како трокрака ѕвезда.

Бидејќи не можеле да запрат, змијата продолжила да се извлекува за време на возењето, а потоа неконтролирано се лизгала по хаубата.

Кога конечно стигнале на излезот од автопатот и ја намалиле брзината, змијата успеала да ја контролира позицијата и можело да се види дека е видно вознемирена, исто како и патниците во автомобилот кои не се смириле откако првпат ја виделе змијата.

И кога конечно застанале, змијата се вратила на безбедното место во моторниот простор. Добрата вест е што не се работи за отровна змија. Откако стигнале дома, се обиделе да ја најдат змијата. Ја виделе неколку пати, но не можеле да ја избркаат.

Да го погледнете видеото кликнете ТУКА

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *