May 18, 2024

Жена од Грција го доби веројатно најскапиот билет за паркирање во историјата.

Необичен настан на островот Родос пред неколку дена објави локалниот грчки весник Родиаки. Жената казната ја добила во јуни, а кога ја видела за малку ќе се онесвестила. На него, имено, пишувало дека таа имала обврска да плати повеќе од шест милиони евра за прекршок поврзан со непрописно паркирање на возило .

Точниот износ на уплатницата изнесува 6.648.444 евра . Според информациите на весникот, жената прво помислила дека се работи за казна од 6.648 евра, што исто така било огромен шок бидејќи просечните плати во Грција не се високи. Кога погледнала повнимателно, сфатила дека тоа што е долу не се центи, туку евра и заклучила дека тоа може да биде само неверојатна грешка.

Ден откако ја добила казната, таа ја посетила локалната администрација во градот Родос, која ја издала казната. Таа му го покажала билетот на службеникот и рекла дека нејзината кредитна картичка не ја покрива таа сума и дека повеќе би сакала да плати во готово. Тоа беше шега, со оглед на тоа што казната вели дека во готово може да се платат само суми до максимум 100 евра.

Касиерот не можел да поверува што гледа, па веднаш ја уверил жената и рекол дека мора да се работи за некаква голема грешка.

По дополнителните проверки жената на крајот не морала да плати ниту евро. Не е јасно како е напишана оваа драконска казна, се претпоставува дека е небрежност.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *