July 18, 2024


Оптичките илузии и загатки ја предизвикуваат нашата перцепција и ги тестираат вештините за набљудување.

Знаеме дека многу луѓе сакаат да решаваат проблеми со оптички илузии, а докажано е дека тие ја подобруваат концентрацијата и вештините за набљудување, пренесува „Jagran Josh“.

Дали сакате да ги тестирате вашите способности за набљудување?
Пред вас е фотографија од постелнина насликана со птици и цвеќиња.

Основната боја на постелнината е бела, а на неа има и многу други бои. Предизвикот пред вас е да ги пронајдете очилата за читање кои некој ги оставил и станал од креветот.

Имате само 11 секунди за успешно да го завршите тестот.

Ако ви е потребна мала помош, очилата се на левата страна на илустрацијата.
Успеавте да ги видите?

Доколку одговорот е не – погледнете го решението во продолжение.



Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *