
На вчерашен ден, 29 јули 2008 година, не напушти еден од најдобрите југословенски спортисти на сите времиња – легендарниот боксер Мате Парлов .




Еден од најдобрите боксери на 20 век почина на 60-годишна возраст во Пула по тешко боледување.
Мате во својата спортска кариера освои се што можеше да се освои. Не му побегна ниту еден трофеј за кој се бореше. Беше светски и европски првак и во аматерски и професионален бокс, олимписки шампион и осумкратен шампион на Југославија.




Роден е на 16 ноември 1948 година во Имотски. Боксот беше неговиот живот! На 16 години почнал да го тренира овој спорт во БК „Пула“, а по само три години ја освоил титулата шампион на Југославија во полутешка категорија.




Тогаш започнува блескавата кариера на овој ас. Првиот голем успех на меѓународната сцена го постигна во 1969 година, кога стана европски вицешампион во Букурешт. Две години подоцна во Мадрид освои златен медал, а во 1973 година во Белград ја одбрани титулата најдобар Европеец во полутешка категорија.




На Олимписките игри во Минхен во 1972 година, Парлов го освои златото во незаборавното финале против Кубанецот Кариљо. Во овој спектакуларен натпревар и двата ривали завршија на паркетот. Мечот беше прекинат во втората рунда кога Кубанецот беше соборен по четврти пат.




Доминацијата во полутешка категорија Парлов ја потврди во Хавана во 1974 година, кога ја освои титулата светски аматерски шампион во полутешка категорија. По завршувањето на аматерската кариера остави белег меѓу професионалците. Во истиот стил продолжи и на 10 јули 1976 година во незаборавен меч на „Маракана“ го победи Италијанецот Доменико Адинолфи и ја освои титулата професионален шампион на Европа во полутешка категорија, во верзијата на Светската Боксерски совет (ВБЦ).




Две години подоцна, Парлов стана и светски шампион, победувајќи го Аргентинецот Мигел Анхел Куељо со нокаут во 9. рунда.




Парлов остана запаметен како еден од најдобрите југословенски спортисти на 20 век.
Осум пати беше шампион на Југославија, пет пати шампион на Балканот, два пати светски првак и еднаш европски првак, а на Олимписките игри во Минхен во 1972 година освои златен медал.




Како аматер, Парлов имал 310 борби, од кои само 13 биле изгубени. Во професионалната кариера на 29 натпревари забележа 24 победи, три порази и две нерешени.
Југоносталгичарите често посочуваат дека во поранешната држава имало двајца мажи со кои никој не смеел да се плетка… Едниот Тито , а другиот Мате!




Парлов беше најсилниот Југословен. Мажите му се восхитуваа, го имитираа, а жените воздивнуваа по него.
Тој беше најдобар во светот. На врвот на кариерата тој беше непобедлив, а оние кои се занимаваа со боречки вештини знаеја дека нема да можат да му парираат ниту на секунда. Имаше и такви кои го провоцираа и од кои насмеано ја вртеше главата.




“Никогаш не бев агресивен, иако бев жесток. Не се тепав од основно училиште, ниту имав проблеми надвор од рингот. Не ги ни барав! Имаше секакви искомплексирани момци. Сакаа да докажат себе си на човек кој освоил некои титули. Но јас го избегнав тоа. Се вртам настрана или преминувам на друга приказна“, изјави Мате Парлов.
Тој беше вљубеник во поезијата, знаеше на памет стотици народни песни.
„Белград е град кој секогаш ќе го сакам. Таму ја поминав мојата младост“, вели Мате.




По кариерата живеел мирен живот. “Најтешко му е на боксер по кариерата. Особено ако не знае што да прави во животот. Многу луѓе не успеаја бидејќи повеќе не ја гледаа поентата по професионалната кариера. Јас, пак, копнеев по анонимност. Не сакав да живеам од стари спомени. Сега сум обичен, граѓанин сум и не ми се допаѓа кога ми се бакнуваат раце поради некои минати времиња“, изјавил Мате во една прилика.




Како може светскиот шампион да биде националист?! “Како можам да бидам националист ако сум светски шампион? Многу луѓе не го разбираат тоа. Тие не беа ни национални шампиони, а честопати не успеваа ниту да се победат себеси. Светот се восхитуваше на моите резултати и сите секаде ме прифаќаа како свој, бело и црно, севкупно. Го запознав светот и можам да бидам само космополит. Така гледам на спортот и животот“.
Популарниот југословенски боксер Анте Јосиповиќ еднаш откри дека Мате си останал верен до последниот здив.
“Што им е на сите? Бев миленик на Тито, тој ме сакаше… Јас боксував за таа Југославија.
Парлов почина на 29 јули 2008 година. По тешко и кратко боледување, тој почина на 60-годишна возраст во болница во Пула.