February 24, 2024

Германски таксист го пронашол паричникот на Мануел Нојер, голманот на германската репрезентација, во кој имало пари и документи, пишува германски Билд.

Таксистот решил да му го врати паричникот со 800 евра на познатиот фудбалер , па прво отишол во неговата куќа во Лехел, а потоа продолжил во градот Тегернзе каде Нојер има имот, но и таму не го нашол.

Бидејќи менаџерот на голманот живее во близина, тој отишол кај него и му оставил паричникoт со неговите податоци за контакт.

Таксистот поминал околу 120 километри и поминал многу време во целата таа авантура, а две недели подоцна на неговата адреса пристигнал пакет со потпишан дрес на Мануел Нојер.

„Наградата е потсмев. Имам четири деца, што да правам со тој дрес“, прокоментира незадоволниот таксист.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *