July 15, 2024

Слатко задоволство кое ќе ве воодушеви. Доколку сакате да ги изненадите домашните и да подготвите нешто посебно, овој колач е вистински избор за вас.

Рецепт:
Потребно е:5 јајца,100гр шеќер,100мл маслиново масло,Кора од лимон,400гр брашно и 1 прашок за пециво,3 лажици какао,200мл млеко и 100гр суво грозје.

Начин на подготовка:

Заматете ги јајцата со шеќерот, па додадете го брашното со прашокот за пециво, додадете го маслото, сувото грозје, кората од лимон и млекото, па промешајте.
Во друга чинија ставете какао и додадете 100мл врело млеко, па измешајте. Тестото поделете го на два дела, па во едниот дел додадете ја смесата со какао. Тавата од 24cm подгответе ја со хартиена подлога или намачкајте ја со масло и истурете малку брашно.

Подгответе две еднакви лажици, па истурете го светлото тесто во средина и врз него додадете го темното тесто одозгора, па повторно малку светлото тесто, па потоа темното и така додека не ви се потрошат смесите. Со едно стапче развлечете го тестото од крајот кон средината и така во цел круг.

Печете на 200 степени околу 5 минути. Пред крајот покријте. Добро оладете, па исечете парче. Ќе добиете мек колач со прекрасен вкус. Уживајте!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *